Пештанци на протест за имотите на Градиште
Пештанци повторно на протест за враќање на имотите во Градиште. Тие и денеска го блокираа влезот на автокампот „Градиште“ барајќи доследна примена на законот за денационализација донесен од парламентот и обвинија како е можно надлежните институции ништо да не преземат против корисникот на „Градиште“ кој нема соодветен документ а 24 години стопанисува со најатрактивното место на Охридското Езеро.
Околу 36 семејства од Пештани повеќе од 20 години се заглавени во денационализацијата. Барателите на имот велат дека пресудите на Управен суд мора да се спроведат бидејќи се задолжителни и извршни.
Од Здружение на граѓани „Оревче” предупредија дека протестите ќе ги радикализираат доколку не добијат правда. Од компанијата закупец на автокампот МКМ Нова Трејд пак уште минатата недела нагласија дека немаат ништо заедничко со барањета за враќање на имотите од страна на поранешните сопственици и најавија преземање соодветни правни мерки со цел заштита на имотот со кој стопанисуваат и нивните интереси.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
