Песков: Рок за меморандум за примирје е невозможен

Процесот на усогласување на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде заплеткан за Москва и за Киев и не може да има фиксен рок, изјави рано утрово портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Нема рокови, ниту може да ги има. Јасно е дека сите сакаат ова да се заврши што е можно побрзо, но, се разбира, ѓаволот е во деталите, им рече Песков на новинарите, а го цитираше државната новинска агенција РИА.
– Нацртите ќе ги подготват и руската и украинската страна, тие нацрт-документи ќе бидат разменети, а потоа следуваат сложени контакти за да се развие единствен текст, изјави портпаролот на Кремљ.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера имаше одвоени телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската унија, Франција, Италија, Германија и Финска, како дел од неговите напори да ја заврши тригодишната војна во Украина.
Трамп по повиците рече дека Русија и Украина веднаш ќе почнат преговори за прекин на огнот.
Путин рече дека Русија е „подготвена да соработува со украинската страна на меморандум за можен иден мировен договор“.
– Се договоривме со претседателот на САД дека Русија ќе предложи и е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум за можен иден мировен договор, кој ќе дефинира низа ставови, на пример, принципите на спогодбата, временската рамка на можниот мировен договор, изјави Путин пред новинарите во близина на црноморското летувалиште Сочи.
Ново на Сител
-

Зголемување на старосната граница за пензионирање е предлогот на ММФ за одржлив систем
-

За еден месец издадени одобренија за изградба на нови 754 станови, најмногу во Скопје
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
