Песков: Внатрешните разговори во ЕУ за дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека разговорите во Европа за потребата од дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал, но и дека процесот се уште е во почетна фаза.
„Важно е да се напомене дека Европа се повеќе почнува да зборува за потребата од дијалог со Русија. Тоа го поздравуваме. Тоа е позитивен развој на настаните, но се уште сме на почеток. Ќе видиме како ќе се развиваат работите“, рече Песков.
Претходно рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека за него би било прифатливо како можен посредник во разговорите за мировно решение за Украина да биде поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, но нагласи дека Европејците самите треба да изберат личност на која и веруваат.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, исто така соопшти дека во рамките на Европската Унија се водат разговори за подготовки за идни преговори со Русија кога, како што наведе, „ќе дојде вистинскиот момент“.
МИА
Ново на Сител
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
