Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга

Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените води во Струга.
Осветувањето на водите прв пат годинава го вршеше новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија г. Георги, а на одбележувањето на големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици во Струга присуствуваше претседателката на државата Гордана Сиљаноска Давкова. Чинот на осветување меѓу големиот број верници го следеа и градоначалникот на општина Струга Менди Ќура, министри, пратеници....
- Ова е нешто што не прави посилни, не прави подобри луѓе, не прави подобри верници, бидејќи ова е моментот кога Бог се јавил и тоа во сите свои три лика, порача Сиљановска-Давкова.
Осветувањето на водите на Дрим, според претседателката, е прекрасно, „како да сте покрај Јорадан“, нагласувајќи дека „на Дрим многу му личи, да личи на Јордан“.
- Честитки за победникот, но и за сите, и оние кои се натпреваруваа, и оние кои го следа како мене. Гледате колку е силна вербата. Гледам одовде до другиот мост скокаат луѓето. Се разбира не е можно секој однив да го фати крстот, ама можно е да влезе во осветените води и да биде среќен. Мислам дека ова е нешто што не прави посилни, не прави подобри луѓе, не прави подобри верници, бидејќи ова е моментот кога Бог се јавил и тоа во сите свои три лика, изјави Сиљановска-Давкова.
Митрополитот г. Георгиј порача дека „денес кога со Божјата благодат и со силата на светиот и животворен крст се осветуваат водите, се потсетуваме, како што рече, дека и целиот свет е повикан кон осветување преку крстот“.
- Впрочем како што водите се осветуваат со благодатта на светиот дух и силата на чесниот крст, така и човекот кој свесно го прифаќа и со благодарност го носи сопствениот крст на своите плеќи го чуствува и го осветува својот живот, правејќи го вистинско живеалиште на Бог. Денес само еден ќе го фати положениот крст во овие води, сепак Божјиот благослов што извира од него е наменет за сите. Нека тој ни биде постојан потсетиник дека патот на покајанието и на смирението и трпеливо носење на животниот крст е единствениот пат што води кон воскресението, темелот на нашата спасоносна вера, рече г. Георгиј.
Чакарески, кој кажа дека секоја година се капе на овој голем ден, прв пат го фаќа светиот крст.
- Очекувам здравје, среќа, љубов и сите да се здрави и живи, изјави кратко Чакарески откако беше даруван со пригодни подароци од црквата и спонзори.
Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици во Струга почна утрово во 7 часот и 30 минути со богослужба во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде тргна литијата кон Чаршискиот мост каде што беше извршен и чинот на осветување на водите во реката Црн Дрим.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
-

Од 1 октомври граѓаните кои сакаат може да дадат согласност кај матичен за дарување на органите по смртта
