Петиција за затворање на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша собра над 270.000 потписи

Здружението „Еко Стража“ од Србија покрена петиција за затворање на Инстаграм-профилот на пејачката Јелена Карлеуша „поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување“, а веќе се потпишани 270.000 лица.
Имено, Карлеуша го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ и актуелната власт. Во врска со ова, противниците на Владата прво повикуваа да се пријавува нејзиниот профил за говор на омраза, но тоа не им успеа. Следеше официјално барање до „Мета“ – за да го затвори Инстаграм-профилот. По покренувањето на петицијата, за помалку од 24 часа се собрани 270.000 потписи.
„Од ‘Мета’ бараме суспензија на профилот на Јелена Карлеуша на Инстаграм, поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување. Тоа се повеќекратни прекршувања на упатствата на заедницата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирување и дезинформации“, велат поднесувачите на петицијата.
Нејзините противници истакнуваат дека, според упатствата на Инстаграм, говорот на омраза и вознемирувањето се строго забранети.
„Сепак, и покрај бројните известувања од корисниците, нејзиниот профил останува активен и продолжува да служи како мегафон за екстремизам и политичка манипулација, дозволувајќи таквата содржина да опстојува, поткопувајќи ја посветеноста на Инстаграм за безбеден и инклузивен дигитален простор. Ќе бараме да собереме 250.000 потписи пред да се обратиме до ‘Мета’. Потребна ни е вашата помош за тоа“, се додава во соопштението.
Летото 2023 година, кусо пред објавувањето на албумите „Алфа“ и „Омега“, Карлеуша на сличен начин го загуби својот официјален Јутјуб-канал, но успеа да си го врати.
Ново на Сител
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
