Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот

Три лица загинаа во пукотница во џамија во Сан Диего додека двајцата осомничени напаѓачи, кои биле тинејџери, се пронајдени мртви во автомобил во близина на местото на нападот.
Меѓу загинатите е и припадник на обезбедувањето на џамијата. Според информации од властите, двајцата осомничени за нападот им подлегнале на прострелни рани што најверојатно сами си ги нанеле.
Нападот бил извршен во Исламски центар во Сан Диего, кој според американските медиуми е најголемата џамија во округот Сан Диего. Во комплексот функционира и муслиманското училиште „Ар Рашид“, каде се изучуваат арапски јазик, исламски науки и Куранот.
Снимки од локалните телевизии покажаа десетици полициски возила распоредени на надвозник во близина на комплексот, целосно опколен со вооружени полицајци.
Припадници на полициските единици за специјални интервенции во целосна тактичка опрема можеа да се видат и на покривот на џамијата, во близина на куполата, а телевизиските кадри прикажаа вооружени припадници на безбедносните сили како се движат низ објектот.
Началникот на полицијата, Скот Вол, изјави дека полицијата не испукала ниту еден куршум за време на интервенцијата.
Според првичните информации, станува збор за злосторство извршено од омраза.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
