Пезешкијан: Трамп зборува за мир и истовремено се заканува

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, истовремено зборува за мир и за закани.
„Во што треба да веруваме? Од една страна, тој зборува за мир, а од друга страна, се заканува со најнапредните средства за масовно убивање“, рече Пезешкијан, пренесен од британските медиуми.
Иранскиот претседател изјави дека Техеран ќе ги продолжи преговорите со САД за неговата нуклеарна програма, но дека не се плаши од закани.
-Ние не бараме војна, нагласи Пезешкијан.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека се точни извештаите дека неговиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, му понудил на Иран предлог за нуклеарен договор.
„Тие имаат предлог, но што е поважно, знаат дека мора да дејствуваат брзо, или нешто лошо ќе се случи“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион кога беше прашан дали САД дале официјален предлог до Иран, објави Си-Ен-Ен.
Трамп во четвртокот изјави дека преговарачите се „многу блиску“ до договор и дека Иран „некако се согласил“ со условите, што укажува дека Иран се согласил да не создава „нуклеарна прашина“.
За време на посетата на Блискиот Исток оваа недела, Трамп постојано повторуваше дека Иран не може да поседува нуклеарно оружје и предупреди на насилни последици ако го стори тоа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
