ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново

Победи за Силекс и Шкендија Арачиново на денешните дуели од третото коло од Првата фудбалска лига. Силекс во вториот дел успеа да го „скрши“ отпорот на Скопје и славеше со 3:0, додека новиот прволигаш Шкендија Арачиново направи изненадување и го совлада Тиквеш на негов терен со 1:0.
Во Кратово домашниот тим поведе во 48.минута преку Есмир Хасукиќ. На 2:0 во 60.минута зголеми Никола Богдановски од пенал, а поради втор жолт картон натпреварот заврши за фудбалерот на Скопје, Дарко Сековски. Конечните 3:0 ги постави Александар Мишов во 78.минута.
На дуелот во Кавадарци, Шкендија Арачиново направи изненадување со победата над Тиквеш од 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Марко Симоновски во 27.минута. Домашниот тим не успеа да постигне гол и да го избегне поразот. Ова е прва победа во Првата лига за Шкендија Арачиново.
На вчера одиграниот дуел Арсими го победи Башкими со 1:0.
Утре од 16:30 часот во Струга играат домаќинот Струга Трим Лум и Вардар, а од 19 часот е почетокот на натпреварот меѓу Шкендија Тетово и Брегалница Штип.
По некомплетното трето коло лидер е Силекс со 7 бодови, пред Тиквеш и Шкендија кои имаат по 6 бодови.
Ново на Сител
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
