Писториус: На САД им е потребна Европа

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги повика европските земји да бидат самоуверени во односите со американската влада.
Министерот за медиумската групација RND изјави дека би било грешка „ако гледаме во Белата куќа како зајак во змија“.
– Тогаш би го изгубиле фокусот на она што треба да го направиме: да станеме посуверени и понезависни, истакна тој.
Според него, „оние кои се плашат, носат погрешни одлуки“, пренесе ДПА.
– Затоа, да не дозволиме да бидеме застрашени, рече Писториус, мислејќи на отпорот на европските влади кон притисокот на Трамп САД да ја преземат контролата врз Гренланд, полуавтономна територија која и припаѓа на Данска.
На САД им е потребна Европа исто толку колку што на Европа и се потребни САД, нагласи Писториус. Европа е од геостратешко и геоекономско значење за Вашингтон.
– Замислете ако Европа стане сфера на влијание на Русија доколку Владимир Путин успее да ги избрка Американците од тука или да ги натера да се повлечат. Тогаш САД би биле ’сендвич‘ меѓу Русија и Кина. Тоа секако не би било во интерес на Американците, изјави тој.
Коментирајќи ја важноста на воздухопловната база на САД во Рамштајн во западна Германија, министерот рече дека таа е најважната воздухопловна база на САД надвор од земјата и оти игра „многу централна улога за американските вооружени сили, на пример, во однос на операциите на Блискиот Исток“.
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

ФБИ ја презеде истрагата за убиството на Алекс Прети, Министерството за правда на САД отвори федерален предмет
-

31 јануари - ден на свети Танасиј, голем борец за вистинското православие
-

Облачно со локален дожд, на планините снег
