ПЛАЧ

Мистериозна психолошка драма, номинирана за престижната награда ЕМИ.

Серијата го прати патувањето на младите родители Џоана и Алистер од Шкотска во Австралија, кои доаѓаат за да го посетат семејството и да започнат правна борба за старателството над ќерката на Алистер од неговиот претходен брак. Но, нивното патување се претвора во кошмар кога нивниот мал син Ноа мистериозно исчезнува. Трагичниот настан предизвикува огромен интерес во јавноста, а Џоана и Алистер се наоѓаат под постојано внимание на медиумите и општеството.

Додека потрагата по вистината продолжува, притисокот почнува да ја разорува нивната врска. Меѓу нив се појавуваат сомнежи, недоверба и прашања на кои никој не може да даде едноставен одговор. Додека јавноста бара одговори и виновник, Џоана се обидува да се справи со трагедијата, притисокот и плачот од настанот што засекогаш го промени нејзиниот живот.