„Платете или ќе добиете казна од 20.000 денари“ – ПОЦ предупредува на лажни казни за паркирање

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ предупредува за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието, известувајќи ги граѓаните за наводни неплатени обврски за паркирање и упатувајќи ги на лажни интернет-страници за уплата.
Во пораките се наведуваат и закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и суспензија на регистрацијата на возилото доколку не се изврши плаќањето.
Од претпријатието информираат дека пораките не се испратени од ЈП ПОЦ и дека станува збор за обид за интернет-измама (фишинг), преку злоупотреба на името на претпријатието.
Оттаму апелираат до граѓаните да не одговараат на ваквите пораки, да не ги отвораат линковите, да не внесуваат лични податоци и податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку нив.
- Доколку граѓаните веќе внесле податоци од платежна картичка или извршиле уплата, потребно е веднаш да ја контактираат својата банка и да го пријават случајот во Министерството за внатрешни работи. За проверка на евентуални обврски за паркирање, од ЈП ПОЦ ги упатуваат граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали на претпријатието – веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса info@poc.mk или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489. Од претпријатието апелираат на зголемена внимателност со цел да се спречат евентуални финансиски штети и злоупотреби на личните податоци, се наведува во соопштението од ПОЦ.
МИА
Ново на Сител
-

Пофалби од Атина за напредокот на Македонија кон ЕУ - Средба на Муцунски и Герапетритис
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Скок од 16 места на ранг листата за дигитализација на ООН
-

Сиљановска-Давкова: Секој што тврди дека се работи за уставни измени не е искрен
-

Парното поскапува за 7,5%
-

Младите брачни двојки ќе можат полесно да дојдат до сопствен дом
-

20% поевтини производи за студентите корисници на субвенциониран студентски оброк
-

Доделени првите признанија „Монтеко вински витез“
