ПМ 2,5 честичките долгорочни, П10 моментални симптоми по здравјето
Седете дома, не дишете го отровниот воздух надвор. Лекарите со предупредување, аерозагадувањето е опасно и за болни и за здрави, откако и денеска Скопје и Струмица се со многу лош квалитет на воздухот а главниот град повторно е високо на листата на најзагадени места во светот. Токсичните ПМ честички значат и ризик од сериозно срцево оптоварување кај ризичните групи. Најмногу на удар се лицата кои имаат хронични респираторни заболувања, малите деца, постарите од 65 години, трудниците и астматичарите.
-Во зависност за кои честички зборуваме, покрупмните имаат поманифестни симптоми како чешање на очи, кивавица, кашлица, додека пак помалите ќе го пролонгираат текот на едно респираторно заболување, исто се манифестираат со кашлицва, главоболка, изнеможтеност, вели доц. Д-р Весна Мицевска, оддел за Пулмологија на Детска клиника
Ова не е прва година кога се алармира за опасноста од аерозагадувањето но и барањето и правото на граѓаните за чист воздух. Долгогодишната изложеност на отровните честички значи и сериозни последици по здравјето, особено кај децата. Оддеелот за Пулмологија на Детска е полн со пациенти од кои кај дел влошената состојба и повторувањето на болеста е поради изложеноста на загаденоста.
-Колку е организмот помал и овие влијанија се поштетни, како што е влијанието на имунолошкиот систем, и кога имаме повторувачки влијанија оштетувањето на слузницата на дишните патишта, вели д-р Мицевска.
Бидејќи конкретни мерки за намалување на загадувањето нема, на граѓаните им останува да ги слушаат советите на медицинските лица. Од Институтот за јавно здравје со препораки, што кога во градови има екстремно лош индекс на квалитет на воздух
-Останете во своите домови или намалете го физичкиот напор, бремените жени да останат дома, Луѓето со астма може да откријат дека треба да го користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност. Лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
