ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0, додека Тиквеш ѝ нанесе висок пораз на АП Брера од 6-1.
Работнички до својата четврта победа во последните пет прволигашки натпревари дојде со двата гола на Попзлатанов, во 13 и 34 минута.
На дуелот во Кавадарци, домаќинот Тиквеш веќе по првото полувреме имаше убедливо водство од 4-0 со головите на Стојанов (10, 34), Тасев (41) и автоголот на Стојилевски (32). Муса Гуел зголеми на 5-0 во 49 минута, а Стојчев биеше прецизно во 84 минута. Почесниот гол за струмичкиот прволигаш го постигна Макиќ (27).
Лидерот Вардар утре му гостува на Арсими, додека второпласирана Шкендија ја очекува гостински дуел против Македонија ЃП.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела со дуелите Пелистер – Струга и Шкупи – Башкими.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
