По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп
Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари.
-Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. Овој престижен натпревар својата приказна ја започна во далечната 1947 година, а од 1954 официјално стана дел од календарот на Меѓународната скијачка федерација (FIS). Шарпланинскиот куп е синоним за храброст, брзина и прецизност, носејќи ја магијата на алпското скијање во Македонија. На овогодинешното издание, кое се одржува на 26 и 27 февруари, ќе учествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар. Снежните падини на Попова Шапка ќе бидат центар на возбудливи натпревари, еуфорија и неочекувани пресврти – токму она што го прави алпското скијање спорт на вистинските шампиони, соопштуваат од Скијачката федерација на Македонија.
Федерацијата има поддршка од Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт и ски-центарот Попова Шапка, како и компании за одржување на манифестација.
Ново на Сител
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати