Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
Тишината на пандемијата преточена во безвременски звучен пејзаж. Вака најпрецизно може да се опише атмосферата во Културно-информативниот центар во Софија, каде македонскиот музички велемајстор Никола Кокан Димушевски го одбележа својот 50-годишен јубилеј.
Со промоцијата на проектот ’The Back of Beyond‘, Димушевски уште еднаш докажа зошто се смета за еден од столбовите на балканската авангарда и современа музика.
Дека овој настан е од исклучително значење за македонската културна дипломатија, потврдува и првиот човек на Културно-информативниот центар во Софија. Тој потенцираше дека преку вакви врвни уметнички гостувања, Македонија го покажува своето најдобро лице пред бугарската јавност и ја зацврстува духовната врска со регионот.
Вечер полна со емоции, врвно мајсторство и звук кој ги надминува границите. Кокан Димушевски уште еднаш потврди дека е жив архив на македонската музика, но и автор кој сè уште има што да каже.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
