По 2 години пауза повторно ќе има пастрмајлијада
По 2 години пауза поради Ковид пандемијата, манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ повторно ќе се организира. Годинава ќе се одржи во последната недела од идниот месец, поточно на 23-ти и 24- септември, кога според традицијата започнува да се конзумира овој кулинарски специјалитет.
- Навистина ми е драго што оваа година општина Штип е главен покровител во организација на познатата манифестација „Пастрмалијада“, на која на најдобар начин ќе го презентираме познатиот штипски бренд, со една богата забавна програма - изјави Иван Јорданов - Градоначалник на Штип
Првата вечер гостите ќе ги забавуваат групите ДНК и Џамбо Агушеви, за да забавата кулминара со настапот на Јелена Розга.
- Во сабота, како главна вечер и главна ѕвезда ќе биде Тони Цетински, една од најголемите балкански ѕвезди. Тука се и нашите Куку Леле, со нивните препознатливи хитови и секако нашиот драг штипјанец Зоран Илиев - изјави Мирослав Кацарски, модератот
Вкупниот буџет за организација на годинашната манифестација е 4 милиони денари, од кои 2,5 милиони се од општинската каса, а 1,5 милион денари спонзорство од приватни компании.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар