По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј

По подолго време, на археолошкиот локалитет Стоби повторно е откриено уште едно скриено богатство.
Како што наведуваат од локалитетот на нивната Фејсбук страница, во Куќата на Партениј, пред посетителите повторно се отвора мозаик што со години бил недостапен за јавноста.
- Оваа ретка можност нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. На фотографиите можете да го видите моментот кога мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ни ја својата убавина, наведуваат од локалитетот.
Тие ги повикуваат посетителите да дојдат и да го посетат локалитетот и да го видат тоа богатство.
- Дојдете во Стоби, и откријте дел од приказната што долго време била скриена, сега повторно оживеана пред вашите очи!, се наведува на Фејсбук страницата на археолошкиот локалитет Стоби.
МИА
Ново на Сител
-

Европските министри на итен состанок за енергетската криза
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
