По два неуспешни обиди за силување, полицијата го пронајде и приведе манијакот кој напаѓал девојки на трим патеката покрај Вардар
По два неуспешни обиди за силување, полицијата го пронајде и приведе манијакот кој напаѓал девојки на трим патеката покрај Вардар. 30 годишен Скопјанец е уапсен откако во полицијата две девојки пријавиле дека биле нападнати. Минатата недела околу 17 часот осомничениот кој се движел на трим патеката забележал странска државјанка на која и пришол. Девојката била САД и не разбирала македонски а тој го искористил тоа и започнал да ја турка и удира по што ја легнал на патеката. Девојката се борела со него и викала за помош.
Имала среќа бидејки во моментот кога ја нападал на трим патеката се појавила друга девојка која и помогнала и заедно побегнале.
По првиот не успешен обид манијакот продолжил да бара друга жртва. Од кејот на Вардар заминал кон адвокатската уличка. Во темниот премин забележал девојка која минувала по улицата и започнал да довикува по неа. Се обидел да ја дофати но таа успеала да стигне до автобуската станица на булеварот Крсте Мисирков, каде побарала помош од луѓето кои чекале на постојката. Се качила во автобус и заминал дома.
-СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени две кривични дела - “силување во обид“, предвидено и казниво по член 186 став 2 и 1 вв 19 од КЗ на РМ, каде со употреба на сериозна закана и физичка сила се обидел да изврши обљуба врз оштетените, но истиот бил спречен во намерата. За извршените кривични дела, од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, велат од МВР
30 годишниот скопјанец според податоците на МВР и претходни бил пријавуван. Ова е прва пријава за силување во обид, но до сега четири пати бил пријавуван за дела од областа на имотните деликти.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
