По извештајот на ДЗР, директорката на ИЈЗ со надеж дека ЈО ќе реагира за неправилностите во Институтот

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата.
- И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата - рече Андоновска.
Кога дошла на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за нив.
- Некои од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари - посочи Андоновска.
Некои лица биле примени на работа без административен испит, а исто така констатирале и неправилни унапредување и исплаќање додатоци. Несоодветен начин имало за наградување на вработените, се набавувала непотребна медицинска опрема. Се набавувале апарати што веќе ги имаат наместо нешто што недостига. Фармацевтски техничар извршувал услуги на медицинска сестра или лаборант, со што во прашање биле ставени здравствените услуги.
Андоновска информира дека пред таа да дојде на чело на ИЈЗ се случувало да се склучи договор на дело со веќе вработени лица. Се издавал простор сопственост на ИЈЗ на пекарница, нешто што, посочи таа, било спротивно на законот. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план.
На новинарско прашање Андоновска одговори дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа, како, на пример, чистење двор.
Андоновска сепак истакна дека некои од вработените во Институтот за јавно здравје си ја вршеле чесно и професионално работата, па апелира сите вработени да не се ставаат во ист кош.
Таа увери дека повеќето од работите што се случувале во Институтот сега се надминати.
МИА
Ново на Сител
-

Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата
-

Од идната сабота полагањe на матурата - три типа според видот на образованието
-

Мицкоски на отворање на „Mega shopping Park“ во Гевгелија
-

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида
-

Бесент: Постигнувањето договор ќе зависи од одлуката на Трамп
-

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина
-

Сончево со мала облачност
