Македонија
4. јуни 2026 - 19:40

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија

Евроамбасадорот Михалис Рокас шокиран од состојбата во која се наоѓа струшката депонија.Тој при денешната посета  истакна дека загрижува тоа што се наоѓа во непосредна блзина до градот,езерото и водоснабдителниот систем и најави итно решение на овој проблем.

Струшкиот градоначалник Ќура уверува дека ќе се одржува депонијата особено во екот на сезоната кога многу често се палеше и го загадуваше градот.

Според последните мерења во 2021 година депонијата која била со висина од 22 метри сега истата достигнува над 30 метри од земјата што значи последните 5 години е порасната скоро 10 метри.

Струшката депонија е горлив проблем години наназад активистите  бараат целосна дислокација, ревитализација на самото земјиште ,пошумување на местото и понатамошно одлагање на отпадот во регионалната депонија која треба да се гради во Новаци.