По неколку години пауза отворени канцеларии на Центарот за социјална работа во Долнени и Кривогаштани
По пауза од неколку години повторно се отвораат подрачни канцеларии на Центарот за социјална работа од Прилеп во Општините Долнени и Кривогаштани, кои ќе бидат сместени во општинските згради. Канцелариите се отвораат преку проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР, поддржан од Австриското министерство за социјална заштита, a целта е услугите на центарот и правата на граѓаните да се доближат до руралните средини.
„Да прашаат кои права се нови, кои им следуваат согласно со законот, далии ги исполнуваат условите, доколку се јави помош, од страна на вклучените во проектот преку ЛАГ АГРО ЛИДЕР ќе им се потполнат потребните барања. Ќе имс е укаже помош при вадењето на потребната документација. Тука е и семејното насилство, тука се и бракот, семејството, мировните постапки“, изјави Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работа Прилеп.
Од ЛАГ АГРО ЛИДЕР велат дека особено ќе се подобрат можностите и правата на руралните жени.
„Жените од руралните средини кои што се соочуваат со ограничени можности да пристапат до информации, да добијат дополнителна поддршка, за да можат да ги остварат своите права или да аплицираат за мерки согласно националните програми да можат да добијат услуги преку мобилните тимови на ЛАГ АГРО ЛИДЕР“, додаде Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Луѓето во селата се соочуваат со поограничении можности до пристапот за своиите права токму затоа во состав на проекто се формирани и мобилни тимови кои ги посетуваат граѓаните во домовите.
„Ние сме тука дополнително да ги информираме за се она што им следува на граѓаните по закон и за се она за кое исполнуваат услови за да го остварат“, рече Магдалена Станојоска, дел од мобилните тимови вклучен во проектот.
Во Кривогаштани канцеларијата ќе работи во понеделник и среда, а во Долнени во вторник и четврток.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар