По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица

Двајца Грци се уапсени, а во случајот се вклучени уште четири лица, откако по пошта им стигнала пратка од Канада – дрвен сандак со 62 килограми суров канабис со цел понатамошна трговија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека во магацин на фирма во областа Атика, поширокиот регион на Атина, полицајци од Потсекторот за борба против дрога го откриле дрвениот сандак во кој се наоѓале 120 пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 62 килограми.
Потоа, со одобрение од надлежен јавен обвинител и по налог на Координативното тело за борба против дрога, Секторот за борба против дрога спровел контролирана достава на поштенската пратката, при што биле уапсени двете лица, кои се обиделе да ја примат пратката од компанијата за достава во име на другите обвинети.
Освен суровиот канабис, полицијата запленила и 675 евра, еден автомобил и два мобилни телефони, а случајот вклучува уште четири други лица.
Уапсените на возраст од 22 и 27 години ѝ се познати на полицијата поради вмешаност во други случаи и веќе се изведени пред јавен обвинител.
МИА
Ново на Сител
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
