Македонија
1. May 2026 - 9:22

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните

По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ - Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, како и зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза кои се под  ЈП „Градски паркинг“ - Скопје. 

Редовната наплата на паркиралиштата ќе продолжи во сабота, на 2 мај, со вообичаено работно време.

 

МИА

Ново на Сител