По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
По речиси сто години од неговата изградба, противпожарниот дом во Радовиш е целосно реконструиран и опремен според најсовремените технички и безбедносни стандарди.
Со инвестиција од околу 11,5 милиони денари, проектот е реализиран преку заедничка соработка помеѓу Општина Радовиш, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој изврши увид во обновениот објект најави дека владата ќе продолжи со поддршка за вакви проекти и во динина со цел подобрување на условите за живот во сите региони.
За пожарникарите, реконструираниот објект значително ќе ја подобри нивната ефикасност и подготвеност. Новите услови за нив значат и поголема безбедност, како и поквалитетна услуга за жителите на овој регион.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион најавуваат дека вложувањата во унапредување на капацитетите на противпожарните единици ќе продолжат и понатаму.
Покрај посетата на Радовиш, министерот Перински денеска ги посети и општините Босилово и Василево, каде што изврши увид во тековните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар