Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази, соопшти вечерва Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
- Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението.
Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина.
- Од опожарениот простор во Трубарево има слабо чадење од само неколку места кои веќе се затрупани, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Како што наведува, се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето.
Пожарот избувна вчера околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад. Лекарска помош по пожарот побарале четири лица и сите се надвор од животна опасност.
МИА
Ново на Сител
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
-

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
