Македонија
28. December 2025 - 12:59

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар

Настанот „Џез под ламба“, во организација на Општина Центар, создаде пријатна празнична атмосфера, исполнета со џез верзии на познатите божиќни песни и стари шлагери во изведба на бендот на Мартина Елиора, соопшти Општина Центар.

-Центар синоќа оживеа во ритамот на џезот! На пјацетата пред Италијанската амбасада граѓаните уживаа во музика, греано вино и печени костени, се наведува во соопштението.

-Ме радува што настанов и годинава привлече голем број посетители. Овие радосни и среќни луѓе се доказ дека на градот му недостигаат вакви содржини. Џез под ламба прерасна во убава традиција, која ја збогати културната сцена во градот, изјавил градоначалникот, Горан Герасимовски, кој, како што се доведува во соопштението заедно со скопјани уживал во празничниот амбиент и џез атмосферата.

Герасимовски, ја искористил можноста да ги покани сограѓаните на централниот предновогодишен настан во организација на Општина Центар.

-Ги поканувам сите скопјани на 29 декември на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите" на Боемска улица! Преку ден подготвивме богата детска програма, а во вечерните часови музичка журка со Brass Brothers и Либеро бенд. Ветувам добра забава за сите генерации, порача градоначалникот Герасимовски.

МИА