Македонија
27. December 2025 - 16:26

Расте бројот на станоиздавачи

Бројот на регистрирани станоиздавачи на охридското крајбрежје во нагорна линија.Од Секторот за туризам и локален економски развој посочуваат дека за разлика од изминатите години не само што има зголемување на понудата туку расте и квалитетот на категоризацијата на приватните сместувачки објекти.Моментално во Охрид има 3 илјади регистрирани станоиздавачи.

Со подобрување на инфраструктурата и најавените локални проекти се очекува раст во туризмот.

Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека постојано има нови решенија за категоризација на приватните станоиздавачи од мал обем но според туристичките работници останува и проблемот со дивите станоиздавачи кои избегнуваат плаќање на туристичка такса.