Македонија
28. December 2025 - 13:30

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства

На 27.12.2025 во 16:00 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја приведоа Н.М.(55) од с.Челопек, тетовско, затоа што кај неа се пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, соопшти МВР.

Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.