Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен

Дел од фаворитите на Австралија опен без поголеми проблеми ја минаа пречката во третото коло. Првиот носител кај мажите Карлос Алкараз го совлада Французинот Корентин Муте со 3:0 во сетови.
За разлика од него првата носителка Арина Сабаленка одигра два долги сета за да ја совлада натурализираната Австријка Анастасија Потапова со 2:0 во сетови (7:6(4) и 7:6(7)). Со пресврт до победа од 2:1 во сетови стигна Американката Коко Гоф со триумфот над сонародничката Хејли Баптист.
Пресврт во меч од пет сета направи Данил Медведев кој го совлада Унгарецот Фабиан Маросан со 3:2 во сетови, откако противникот водеше со 2:0.
Од носителите од досегашната денешна програма настапот во третата рунда го заврши Андреј Рублев (САД), кој со 3:0 загуби од Франциско Серундоло од Аргентина со 3:0 во сетови.
МИА
Ново на Сител
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
