Почина чичко Драги, човекот кој се грижеше за уличните кучиња од Рекорд

Почина чичко Драги, човекот кого речиси секој скопјанец го препознаваше од малата тезга кај Рекорд во Скопје. Тој почина на 72-годишна возраст, по подолго боледување.
Со години на Рекорд продаваше ситни предмети – стегачи, ластичиња, шноли, штипки за коса и ланчиња. Околу неговата тезга речиси секогаш имаше кучиња, улични миленици кои ги згрижувал и за кои секојдневно се грижел.
Живееше сам, а неговиот дом со години беше засолниште за повеќе од десет бездомни кучиња. И тоа малку што го имаше го делеше со нив.
Поради здравствени проблеми го изгубил гласот, па со луѓето комуницираше пишувајќи на лист хартија. И покрај тоа, важеше за културен и добар човек, познат по својата човечност.
Пред три месеци се покрена апел за помош за неговото лекување и за обезбедување храна за кучињата. Минатиот месец, на својот Фејсбук профил им се заблагодари на граѓаните за помошта и донациите и напиша: „Ветувам дека од болница ќе излезам посилен“.
До последно не ја изгуби надежта. Скопје денес се простува од човек кој, и покрај тешкиот живот, не престана да се грижи за оние на кои им беше најпотребна помош.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието - пратеници реагираат дека министрите не присуствуваат
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
-

ДУИ најавува тужби ако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во рок од 24 часа не се извинат
-

ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева даде свечена заклетва
-

Нов тренинг центар за безбедна храна во светиниколско Амзабегово
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура
