Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
Шпанскиот винопроизводител Жозеп Ферер Сала – човекот кој стои зад едно од најуспешните и најпознати пенливи вина во светот, „Фрешенет“ (Freixenet), почина на возраст од 99 години.
’Фрешенет’ со жалење објавува дека Жозеп Ферер Сала – почесен претседател на компанијата, почина на 99-годишна возраст. Роден на 19 октомври 1925 во Сант Садурни д’Аноја (Каталонија, з.п.), Ферер работеше повеќе од 70 години, станувајќи еден од главни креатори на светската водечка група на пенливи вина со коишто тој отсекогаш остана поврзан“, соопшти винската компанија.
Тој ја воведе компанијата во нова ера.
„Член на втората генерација на основачкото семејство, Жозеп Ферер остави неизбришливо наследство во историјата на ‘Фрешенет’ – бренд создаден во 1914. од неговите родители“, се додава.
Влегувањето на Жозеп Ферер во компанијата во 1947. е почеток на нова ера за семејната фирма. Го презел генералното менаџирање во 1959., а во 1978 година е назначен за претседател на „Фрешенет“. Меѓу најважните достигнувања под негово раководство се модернизацијата на производниот простор, проширувањето на магацинот, зголемувањето на продажбата, и можеби најбитно – меѓународното проширување. Ферер успеал да ја направи „Фрешенет кава“ – најпродавана кава во светот.
Ново на Сител
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија