Почина Енио Мориконе
Познатиот италијански композитор и оскаровец, Енио Мориконе почина денеска на 91-годишна возраст во болница во Рим. Тоа, како последица на минатонеделниот пад, објави неговиот пријател и адвокат Џорџо Асума.
Имено, пред неколку дена Мориконе паднал наземи и ја скршил бедрената коска.
Во моментот на неговата смрт, неговата сопруга Марија беше покрај него.
За време на својата повеќедецениска кариера, Мориконе твореше музика за филмовите „За грст долари“, „Беше еднаш во Америка“, „Малена“, „Недопирливите“ и многу други. А, беше и шест пати номиниран за престижниот Оскар во областа на филмската музика.
Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Последниот Оскар го доби 2016 година за музиката за филмот „Омразените осуммина“ од Квентин Тарантино, и тоа како најстар добитник во оваа категорија. Тој го освои и почесниот Оскар во 2007 година за неговиот значаен придонес во кинематографијата.
Ново на Сител
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
