Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“

Почина Милена, жената која беше инспирација за легендарната песна „Моја Милена“ на групата „Нови фосили“. Малкумина од постарите генерации не ја препознаваат оваа безвременска југословенска нумера, а помалку е познато дека таа е посветена на Милена од Неготино.
Авторот на музиката, Рајко Дујмиќ, ја запознал Милена за време на летување во Херцег Нови. Како што раскажал подоцна, цела ноќ разговарале без престан, а таа работела како социјална работничка во Неготино. Тој тогаш ѝ рекол дека ќе ја претвори нивната средба во песна, иако таа не му поверувала, мислејќи дека тоа е само уште една романтична фраза. Дујмиќ ѝ нагласил дека можеби никогаш повеќе нема да се сретнат, но дека ќе остане доследен на зборот.
Сепак, нивните патишта повторно се вкрстиле на концерт во Неготино, одржан во рамки на турнејата „Милена генерацијо“. Дујмиќ настапувал со бендот, а Милена била во публиката со сопругот и двете деца.
Тој се присетил дека му пријде редар и му соопшти дека го бара жена која тврди дека го познава. Кога ја видел Милена, таа се расплакала, не верувајќи дека песната навистина била напишана за неа. Тогаш ѝ рекол дека дадениот збор секогаш мора да се испочитува.
Песната „Милена“ е објавена во 1983 година на албумот „Послије свега“, со текст на Зринко Тутуќ, а музика и аранжман на Рајко Дујмиќ.
Ново на Сител
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
