Македонија
21. January 2026 - 12:17
Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
Интензивно се работи на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Се користат современи техники за да се стабилизираат косините а што се однесува до свлечиштата најкритично е кај селото Ботун каде целата планина буквално се спушта.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николоски истакна дека динамиката на градежните работи е одлична и очекува автопатот да биде пуштен во рамките на договорениот рок.
На автопатот Кичево–Охрид се изведува „сложен инженерски и градежен зафат“ за стабилизација на косините и земјиштето, со цел трасата да биде безбедна за користење „во наредните децении“. По години застој, автопатот набрзо се очекува да донесе побрз транспорт и регионален развој.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
