-->
-->
Почина најстариот човек на светот на 115 години
-->

Хуан Висенте Перез Мора од Венецуела - најстариот човек во светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на безмалку 115-годишна возраст, објавија неговото семејство и венецуелските власти.
Хуан Висенте Перез Мора, кој почина вчера, официјално беше прогласен за најстар човек во светот на 4 февруари 2022. со 112 години и 253 дена. Тој е роден во Ел Кобре на 27 мај 1909, како деветто дете во семејството.
„На петгодишна возраст, тој почнал да работи со својот татко и браќата во областа на земјоделството, помагајќи во бербата на шеќерна трска и кафе“, наведува Гинисовата книга на рекорди во својот напис за него.
Тој беше татко на 11 деца, а до 2022 година имал 41 внук, 18 правнуци и 12 чукунвнуци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
