Почина поранешниот Папа Бенедикт XVI
На 95ет годишна возраст, денеска, почина поранешниот папа, Бенедикт шеснаесетти.. Поранешниот лидер на Римокатиличката црква починал во неговата резиденција во Ватикан, утринава во девет часот и 34 минути.
Погребната церемонија, Ватикан ја закажа за в четврток.
Пораки со сочувство и жалење испратија светските лидери.. Челниците на ЕУ, германскиот канцелар, Францускиот претседател, британскиот премиер. Велат, светот загуби борбена личност и еден од најголемите теолози.
Жалат и верниците на католичката црква.
Нецели осум години папата Бенедикт шеснаесетти беше на чело на Римокатичката црква. Беше избран во 2005та, а поради здравствени причини се повлече во 2013тата.. Тој беше прв папа кој поднесе оставка после 1415тата.
Роден како Јозеф Рацингер во Германија, Бенедикт имаше 78 години кога ја презема функцијата. Беше познат како еден од големеите теолози на 20от век, трпеше критики дека е наследник на нацизмот, а за време на неговото раководење, католичката црква се соочуваше со обвинувања и истраги за злоупотреба на деца.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
