Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово

Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје информираат дека лицето било вакцинирано против Ковид-19 со две дози вакцина – последна доза пред повеќе од три години.
Регистриран е и еден нов случај на Ковид-19. Станува збор за лице од Струга. Минатата недела евидентирани биле три оздравени лица.
Во текот на годината, заклучно со 26 јануари, регистрирани биле вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во јануари е за 2,3 пати поголем во однос на декември.
– Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, нагласуваат од ИЈЗ.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
