Свет
24. јуни 2025 - 16:47

Почна дводневниот самит на НАТО

Планот за зголемување на безбедносниот буџет на НАТО во фокусот на Самитот во Хаг. Ниту една земја членка не може да го одбие планираното масовно зголемување на трошоците за одбрана, рече генсекот на Алијансата, Марк Руте. 

На дводневниот самит во Хаг се очекува НАТО земјите да го одобрат Планот според кој ќе мора да издвојат 5% од својот бруто домашен производ за вооружување до 2035. Руте  вели дека неколку од земјите членки се обидуваат овие трошења се обидуваат да ги стигнат уште во 2029 година. 

Зошто е ова важно? Затоа што знаеме дека Русија повторно се зајакнува со брзина што е навистина запрепастувачка. Мора да бидеме подготвени, бидејќи ако не сме, за 3 до 5 години нема да можеме да се одбраниме. Денеска тие знаат дека направат потег, нашиот одговор ќе биде разорен. Но мора да се обезбедиме дека и за 3 до 5 години нема ни да се осмелат да се обидат, вели Руте. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Хаг. 

Руската инвазија на неговата држава е всушност и главната причина зошто НАТО Алијансата сака да го зголеми трошењето пари за одбранбени системи.  Зеленски предупредува, разузнавачките информации кои тој ги добива велат дека Путин се подготвува за напад врз цели на НАТО во Европа.

Европа ги зголемила парите за поддршка на Киев во војната со Украина. Претседателката на Европската Комисија рече дека од јануари досега - Европа дала речиси идентично пари за Украина како лани цела година. За 5 години очекувањата се дека Европа ќе инвестира околу 800 милијарди евра во одбраната.

Во Хаг е и македонска делегација предводена од претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова. Освен претседателката, од Скопје отпатуваа и министрите за надворешни работи за одбрана, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски. Сѐ уште се чека потврда од Софија дали Сиљановска Давкова во Хаг ќе се сретне со премиерот на Бугарија, Росен Жељасков.