Почна масовната имунизација - како помина првиот ден?
Вратите на спортскиот центар Борис Трајковски беа отворени во 10 часот. Денеска се вакцинираат здравствени работници и вработени во МВР.
Полициски службеници и медицински лица од цела Македонија организирано доаѓаа пред Арената. Според планот до 20 часот треба да бидат вакцинирани 3000 лица.
За вработените во критичната инфарструктура во салата Борис Трајковски се користат 20.000 дози Спутник донација од Србија.
Масовната имунизација се спроведува на 48 позиции. Граѓаните при влез прво пополнуваат прашалници кај волонтерите на Црвен Крст. Пред да се упатат кон еден од параваните за нивната здравствена состојба, дали имаат температура, некаква алергиска реакција, хронична болест разговараат со лекар.
После вакцината најчесто поставувано прашање било дали смеат да пијат алкохол.
Според информациите од министерството за здравство во текот на денот двајца граѓани добиле панични напади од самата постапка за вакцинација, но по инервенцијата на екипата на Брза помош нивната состојба се стабилизирала.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
