Почна палењето стрништа
Продолжува старата пракса, по завршување на жетвените активности, да се палат стрништата, кое предизвикува големи штети врз биодиверзитетот, намалување на плодноста на почвата, но и штетно влијаат по здравјето на населението.
Земјоделците опожарувањето го правдаат како единствен начин да се справат со остатоците од оризовата слама.
Запознати се со софистицарините методи, но со ваквите откупни цени едвај преживуваат, а не пак да инвестираат во нови технологии и механизација.
И агрономите се согласни дека земјоделците не можат самите да го сносат целиот товар, посебно во време на економска и енергетска криза.
-Еден од недостатоците за имплементација на таква технологија е тоа што таа е скапа и не е достапна за земјоделците. Затоа и не ја прифаќаат, не оти не сакаат. Немаат друг избор, бидејќи ако не ја запалат, истата таа слама ќе им смета во основната и дополнителната обработка на почвата, кога ги подготвуваат површините за сеидба, изјави Проф. Љупчо Михаилов, Земјоделски Факултет - УГД.
Пост жетвените остатоци кои неконтролирано и илегално се палат, може да бидат искористени за затоплување на домови и институции, создавање на био хумус за збогатување на земјоделските површини, а во крајна сметка и за зачувување на животната средина и буџетот на општините кои трошат средства за гаснење на стрништа кои можат да предизвикаат опожарување на куќи и помошни објекти.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар