Почна собраниската комисија за уставен судија
По целодневна расправа со собраниската сала, Комисијата за избори и именувања од 9 кандидати утврди само еден предлог за уставен судија- судијата Фатмир Скендер.
Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат дека воопшто и не го познаваат судијата Фатмир Скендер, нема ниту негова фотографија поставено во резимето и побараа не само Скендер туку сите кандидати за уставни судии лично да се претстават пред Комисијата, нивната работа, труд и биографија. Предлогот не беше изгласан.
И додека Уставниот суд кубури со судии, партиите меѓусебно со забелешки за кандидатите.
Од СДСМ велат- дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, имаат црни дамки во кариерата.
Од Левица пак се незадоволни по кој критериум се избираат уставните судии, поточно не е доволно само да се истакнати правници. Доставија предлог закон до Собранието со нови критериуми за да се стане судија во Уставниот суд.
Дел од наведените критериуми се уставен судија да не може да биде основен или апелационен судија, да нема политичка позадина 7 години пред кандидатурата или пак да има само едно државјанство.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
