Почна струмичкиот карневал
Смена на локалната власт во Струмица. Актуелното општинско раководство доброволно се повлече и водењето на градот им го отстапија на карневалџиите.Од денеска тие ќе раководат со градот. Нивниот мандат ќе трае осум дена исто толку колку што траат и карневалските свечености чиј почеток симболично беше означен со подигањето на државното и знамињата на општината, ЕУ, карневалот и ФЕК. За таа цел градоначалникот Коста Јаневски им го предаде и клучот на градот и побара да ја чуваат Струмица и да бидат добри домаќини на сите гости.
,, Чувајте ми ја Струмица. Отворете ги сите нејзини влезни врати за сите добронамерници од земјата и од странство. Овој град не е голем колку што е голем, ами е голем колку што може да собере гости. Акога ќе го вратите клучот сакам на него да бидат прикачени илјадници насмевки од карневалските свечености.,, рече КОСТА ЈАНЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Ќе бидеме добра власт која ќе донесе многу љубов, разбирање и ширум отворени порти за сите добронамерници кои ќе ја посетат Струмица, ветија карневалџиите.
,, Власт која ќе донесе љубов, разбирање и ќе ги примиме сите добронамерници во градот и ќе им пружиме добро гостопримство.,, рече АЛЕКСАНДАР ЦИЦМОВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР
Карневалските свечености кои започнаа со симболичното предавање на градскиот клуч ќе траат до следната среда. За време на осумте карневалски денови ќе бидат реализирани голем број настани во кои влегуваат концерт под маски, изложба на карневалски фотографии, традиционалниот маскенбал со избор на принц и принцеза, детски карневал, одбележување на чист понеделник и празникот Тримери. Централната манифестација е во сабота со над 2000 маскирани лица во официјалната поворка која се очекува да ја проследат голем број домашни и странски гости.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
