Македонија
20. January 2026 - 16:42

Почна второто полугодие за учениците: Кој ќе го наследи Љуљзим Алиу?

По тринеделен распуст и доза загриженост кај родителите поради грипот, почна второто полугодие за основците и средношколците. Дворовите се наполнија со деца, џагорот повторно се слушна. Најмалите велат дека им недостигало училиштето и другарувањето. 

Последните бројки на ИЈЗ  покажуваат дека со грип пријавени се околу 600 млади до 14 години. Надлежните уверуваат дека училиштата се целосно дезинфицирани и апелираат  до родителите да бидат смирени.

Во меѓувреме, оставката на Љуљзим Алиу е пристигната до Влада, потврдуваат оттаму за Сител но допрва ќе се одлучува кој ќе го наследи. Најверојатно местото ќе биде потполнето со кадар од Вреди.

Вчера Алиу си даде неотповиклива оставка од заменик-министерската позиција во МОН поради лични причини. Тој министеруваше како кадар на Алтернатива и коалицијата Вреди година ипол. На истата позиција беше и од 2022 до 2023-та кога прв човек во образоание беше Јетон Шеќири.