Македонија
26. August 2022 - 12:18

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет

Започна првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. Има 3800 слободни места, а идните студенти ќе можат да се запишат на еден од 12-те факултети и 3 академии. Електронскиот систем за примање на апликации беше отворен уште во месец јули, а сега физички треба да биде доставена документацијата.

  • Како и секоја друга година и годинава најголем е интересот за студирање на медицински науки, но и другите факултети со атрактивните студиски програми ги привлекуват студентите- изјави Мишко Џидров, проектор за настава-УГД-Штип.

Покрај бруцошите од Турција, годинава интерес за студирање на УГД пројавиле и студенти од Африка и Азија, но тие се соочуваат со друг проблем.

  • Проблемот е со добивање на виза, односно, како да го завршат тој процес за добивање на престој во нашата држава-изјави Џидров

 Наставата во академската 2022/2023-та година за помалите групи на факултетите и академиите се враќа во нормала.

  • Се враќаат во предавална, така што, настава, вежби, проверка на знаење, колоквиумски полагања, ќе бидат со физичко присуство. Исклучок се само поголемите групи, каде што ќе има хибриден начин, зашто сепак тоа се многу големи групи- додаде Џидров

Ослободување од плаќање партиципација за првите два семестри има за сите запишани најдобро рангирани редовни студенти. Вториот уписен рок е на 9-ти и 12-ти, а третиот на 21-ви и 22-ри септември.