Почнува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026

Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност.
Како што најавуваат организаторите, на официјалното отворање и во рамки на програмата ќе учествуваат високи домашни и меѓународни претставници, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски, министерот за животна средина и просторно планирање Мухамет Хоџа, евроамбасадорот Михалис Рокас, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, како и извршниот директор на МЕФ и ЗИП Институт, Агим Селами. Специјално обраќање ќе има и Фатма Варанк, извршен директор на COP31 Турција.
Настанот се организира во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, а претставува една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.
МЕФ 2026 оваа година има статус на официјален партнерски настан на Претседателството со COP31, со што станува дел од пошироките меѓународни подготовки за претстојниот глобален климатски самит. Заклучоците и препораките од дискусиите во Скопје ќе придонесат кон регионалниот придонес во глобалните разговори за климатска акција, енергетска транзиција, климатска отпорност и одржлив економски развој.
-Во време на растечки климатски ризици, екстремни временски појави и зголемени геополитички предизвици, МЕФ 2026 ќе се фокусира на теми поврзани со климатската отпорност, праведната транзиција, регионалната соработка, обновливите извори на енергија, зелените инвестиции, критичните суровини и одржливите синџири на снабдување. Форумот ќе отвори простор за заеднички регионални решенија кои ги поврзуваат климатските цели со економската стабилност, безбедноста и социјалната кохезија. МЕФ 2026 претставува важен мост меѓу Западен Балкан и глобалната климатска агенда. Преку партнерството со COP31, регионот добива можност своите предизвици, политики и приоритети директно да ги внесе во глобалните климатски дискусии и да придонесе кон заедничките напори за поотпорна и поодржлива иднина, велат организаторите.
МИА
Ново на Сител
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
-

Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
