Почнува европската воена мисија на Гренланд

Европска воена мисија денеска почнува на Гренланд, еден ден по средбата во Вашингтон помеѓу претставници на САД, Данска и Гренланд.
Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка вчера најавија дека ќе распоредат воен персонал на Гренланд за извидувачка мисија.
– Првите француски воени елементи веќе се на пат. И други ќе ги следат, објави претседателот на Франција, Емануел Макрон на платформата Икс.
Во соопштението од германското Министерство за одбрана се наведува дека распоредувањето е „евентуален воен придонес наменет за поддршка на Данска за гарантирање на безбедноста во регионот“.
Германија испраќа 13 лица кои од денеска до сабота „ќе го истражуваат Гренланд“.
Британската Влада потврди дека еден британски офицер ќе биде распореден на Гренланд на барање на Данска.
Министрите за надворешни работи на Данска и на Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Мотцфелд вчера во Белата куќа имаа средба со потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио.
Расмусен ги осуди плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд, за да се спречи напредувањето на Русија и на Кина на Арктикот.
– Претседателот јасно го кажа својот став, а нашиот став е поинаков. Значи, сè уште имаме несогласувања, но исто така прифаќаме дека не се согласуваме, истакна Расмусен, додавајќи оти ќе продолжат разговорите.
Додека Мотцфелд истакна дека средбата била „многу интензивна“ за сите. Според нејзина процена средбата поминала „многу добро“.
– Имаме многу добри односи со Данска и ќе видиме како се ова ќе се развива. Мислам дека ќе пронајдеме решение, изјави Трамп, кој не присуствуваше на состанокот.
Тој пред средбата својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека на САД им е „потребен Гренланд поради националната безбедност.
– Клучен ни е за Златната купола што ја градиме, објави Трамп, кој првпат го поврза големиот американски проект за ракетна одбрана со Гренланд.
МИА
Ново на Сител
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
