-->
-->
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-->
Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе го означи почетокот на изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“, во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство.
На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи и градоначалникот на Тетово Биљал Касами.
Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 година и во него животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“