Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад

Судењето на француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, по обвиненијата за сексуален напад, треба да почне денеска во Кривичниот суд во Париз, по одложувањето поради здравствената состојба на глумецот.
Случајот се однесува на обвиненијата од две жени дека Депардје во 2021 година ги допирал на интимни места против нивна волја, за време на снимањето на филмот „Зелени ролетни“ (Les Volets Verts) на режисерот Жан Бекер. Од нив, едната го обвини актерот дека насилно ја запрел во ходник, ја допирал и ѝ давал непристојни коментари. Таа поднела тужба против него во февруари 2024 година за сексуален напад, вознемирување и сексистички навреди.
А пак, другата жена – асистентка на режисерот, го обвини Депардје дека ја допирал и ја тормозел на сцената за снимање. Таа поднесе тужба во март 2024 година.
Доколку биде прогласен за виновен, на Депардје му се заканува затворска казна до пет години и парична казна од 75.000 евра, според Јавното обвинителство на Париз.
Во октомври Судот го одложи судењето на барање на Депардје, поради здравствената состојба. Тој мораше да приложи лекарски уверенија пред судењето. Глумецот има бајпас и боледува од дијабетес. Судот не нареди психијатриска проценка.
Францускиот легендарен глумец со над 200 филма зад себе, треба да го застапува познатиот адвокат за кривична одбрана Жереми Асус. Филмскиот ветеран последниве години се соочи со голем број обвинувања за сексуално недолично однесување. Случајот по тужбата за силување на глумицата Шарлот Арно во 2020 година – останува отворен.
Како претходно, и овојпат Депардје ги отфрла наводите. Асус тврди дека обвиненијата се „целосно измислени“, наведувајќи дека немало директни сведоци на инцидентите.
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
