Македонија
16. January 2026 - 11:59

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија регистрираше земјотрес денес во 11:28 часот, со епицентар во соседна Албанија, на 155 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот имаше Рихтерова локална магнитуда ML 3.8.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.