Македонија
2. May 2018 - 22:02

Подготовки за фестивалот Војдан Чернодрински

Дванаесет претстави ќе учествуваат на годинешното 53-то издание на театарскиот фестивал „Вoјдан Чернодрински“ во Прилеп. „Клетници“, „Жените“, „Ничија земја“, „Бог на масакрот“, „Крал Лир“, „Ужегнатост“, „Дони Дарк“ „Царот Владислав“, „Лет над кукавичјото гнездо“, „Еднаш свет изградив“, „Тоалет за дами“, „Доктор Фауст“, се претставите кои може да ги види публиката.

„Со големо задоволство истакнувам дека награда за животно дело се две големи имиња. Едниот е актер Петар Арсовски, другиот е големиот композитор Љупчо Константинов. Фестивалот ќе се отвори со претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар, а за затворањето сеуште преговараме, бидејќи не можеме да кажеме дали во зависност од техничките можности може да се донесе таа претстава и неможам да ја кажам сега“, вели уметничкиот директор на фестивалот Катарина Хаџи Василева Коцевска.

Според уметничкиот директор на фестивалот Катарина Хаџи Василева Коцевска претставите биле одбрани во конкуренција од над 30 претстави од сите театри во Македонија. Фестивалот ќе започне на 8 јуни, а ќе заврши на 15 јуни.